Цените на нафтата се искачија на повеќе од 115 долари за барел

Цените на нафтата надминаа 115 долари за барел на отворањето на пазарите во Азија, додека воздушните напади продолжуваа во земјите од Блискиот Исток, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран. Цената на суровата нафта брент е 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 проценти во споредба со цената од петокот, објавува Би-би-си.

Цената на таа нафта за барел беше околу 72 долари за барел пред 28 февруари, кога започнаа нападите на САД и Израел врз Иран.

Цените на нафтата се искачија над 108 долари, индексите на берзите паѓаа

Минатата недела, цената на нафтата од типот брент достигна врв од 118 долари за барел на 19 март, а од петок попладне беше малку под 112 долари, што е значително повисоко од цената пред почетокот на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот