Принцот Алберт од Монако со принцезата Шарлин и со Шарлот на тенискиот турнир 1000 Монте Карло/Фото: David Niviere / Sipa Press / Profimedia

ФОТО | Цело Монако зборува за прекрасната принцеза Шарлот — внуката на Грејс Кели го покажа новиот партнер

Шарлот Казираги, внуката на прославената американска актерка Грејс Кели и принцот Рение од Монако, првпат се појави во јавност со својот нов партнер, францускиот писател Николас Матие.

Сега е и официјално: Шарлот Казираги и Николас Матие дебитираа како пар, и тоа на важен спортски настан – Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Match (@parismatch)


Новиот пар, за кој сите зборуваат веќе некое време, бил снимен на трибините на кантри клубот Монте Карло во Рокбрун-Кап-Мартин, каде што го гледале натпреварот помеѓу Италијанецот Јаник Синер и Чехот Томаш Махач. Секогаш елегантно облечената Шарлот, ќерката на принцезата Каролина и внука на Грејс Кели, избрала лежерен изглед за оваа пригода: елегантна црна комбинација и фармерки, додека нејзиниот нов избраник се појавил во бела кошула, фармерки и беж јакна.

Припадничката на кнежевското семејство на Монако и францускиот писател на криминалистички романи не биле сами. На трибините им се придружил и 13-годишниот син на Николас, кој, според медиумите, првпат го посетил Кнежевството.

Принцезата Шарлот од Монако со новото момче Николас/Фото: Vinaj Jean-Charles/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Шарлот и Николас првпат беа поврзани во 2024 година, кога францускиот „Пари Меч“ објави нивни фотографии снимени на терасата на парискиот ресторан „А ла Вил д’Епинал“, кој се наоѓа во еден од најуметничките квартови на градот.

Шарлот, внука на принцот Рение од Монако и холивудската актерка Грејс Кели, претходно беше во брак со францускиот филмски продуцент Димитри Расам, инаку син на славната француска актерка и Бонд девојка Карол Буке. Тие се венчале во јуни 2019 година, прво на граѓанска церемонија во кнежевската палата во Монако, а потоа и на церемонија во Прованса, Франција.

За граѓанската венчавка, Шарлот носела мини фустан од брокат од модната куќа „Сен Лоран“, со три впечатливи панделки напред и брановиден раб. Таа исто така го носела и дијамантскиот ѓердан од покојната баба, подарок што Грејс Кели го добила од принцот Рение на нивната венчавка во 1956 година.

Шарлот и Димитри го добија синот Балтазар во 2018 година, само неколку месеци пред да го изговорат судбоносното „да“. Убавата Шарлот е исто така мајка на син, Рафаел, кого го доби со комичарот Гад Елмалех. Но, додека Балтазар е во редот на наследување, Рафаел не е затоа што неговите родители никогаш не биле во брак.

 


Шарлот и Димитри се разделија во 2024 година, а во разговор за британски „Телеграф“ по разводот, принцезата рекла во справувањето со скршеното срце ѝ помогнало „читањето на бројни авторки“.

– За мене е важно да бидам ослободена од одредени конвенции – додала принцезата Шарлот.

Шарлот не крие колку често се обидува да избега од очекувањата што ѝ се наметнуваат.

– Секогаш се обидувам да се оддалечам од тој „кралски“ статус. Секако дека сакам да придонесувам за Монако, но мојата филозофија ме научи дека позицијата од страна овозможува поголема сложеност и разновидност. На пример, понекогаш поканувам луѓе со кои не се согласувам, обидувајќи се да се соочам со идеи – објаснила таа во истото интервју.

Инаку, што се однесува до редот на наследување, ќерката на принцезата Каролина е 12-та во редот на наследување на престолот. Пред неа се, меѓу другите, близнаците на принцот Алберт Втори, нејзината мајка Каролина, братот на Шарлот Андреа и неговите деца, потоа братот Пјер и неговите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SARAH KANJ (@davincicode7)


Шарлот е секогаш во првите редови на Модната недела во Париз, таа е заштитно лице на модната куќа „Шанел“, позната е и како одлична јавачка на коњи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cyndle K (@cyndlekomarovski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот