Цел месец ме напаѓаа, а немаше кој да ме брани, им се пожалил Ковачевски на сопартијците

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски / фото: СДСМ/Фејсбук

Цело раководство ни е во оставка и 30 дена бев мета на напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, немаше кој да нѐ брани, им кажал вечерва новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, на членовите на највисоките партиски органи, објави ТВ21, повикувајќи се на партиски извори.

Според изворите, Ковачевски пред членовите се пожалил дека целото раководство во еден момент ја напуштило партијата и оти тој како нејзин нов лидер останал без поддршка.

Вечерва во СДСМ се избира ново раководство, откако претходно се повлекоа најголем дел од нив, а последни оставки поднесоа генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски и Оливер Спасовски.

Централниот одбор на партијата му даде доверба на Ковачевски и го потврди како мандатар на новата влада.

Според истите извори на ТВ21, Ковачевски вечерва повлекол еден од десетте предлози за нови членови во највисоките партиски органи, откако присутните бурно реагирале бидејќи со тоа наводно се кршел партискиот деловник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот