Спасовски поднесе оставка од СДСМ, вечерва седница на Централниот одбор на партијата
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата.
Препорачано
Спасовски денеска на брифинг со новинарите информираше и дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и оти претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.
Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.
Инаку СДСМ, вечерва ќе одржи седница на Централниот одбор со почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.


