И Љупчо Николовски се повлече од партиската функција

Љупчо Николовски
Љупчо Николовски / Фото: СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денека поднесе писмена оставка од функцијата. Николовски во писмената оставка доставена во Социјалдемократскиот сојуз изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата.

“Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците”, се наведува во писмената оставка.

Претходно денеска, и досегашниот потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, соопшти дека поднел оставка на партиската функција, во пресрет на седницата на централниот одбор на партијата закажана за вечерва, на која се очекува новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот