Бутел несреќно елиминиран од ЕХФ Купот

facebook.com/pg/RK-Butel-Skopje

Денеска на реваншот од второто квалификациско коло на ЕХФ Купот за учество во групната фаза во Украина составот на Бутел од Скопје загуби со 29:24 (13:9) од екипата на ЗТР Запорожје.

На првиот меч во Македонија нашиот ракометен клуб имаше предност од 18:14, но не успеа да ја задржи позитивата на возвратната пресметка во Запорожје.

Констатно водеше домаќинот на оваа средба, веќе во првото полувреме ја анулираше својата негатива од првиот дуел, односно на семафорот стоеше 9:4 во 16 минута, а непосредно пред паузата 12:7.

Вториот дел добро го започна тимот на Бутел намалувајќи неколку пати на минус два (16:14, 17:15), а успеа дури и да израмни во 45 минута на 20:20 со погодокот на Димовски.

Се држеа добро гостите се до 52 минута кога при негатива од 25:23, Украинците направија серија од 3:0. Беше во тек последната минута, Бутел можеше да си дозволи и пораз од четири голови, бидејќи одамна веќе имаше постигнато 14 голови. Намали Печенковски во 28:24, но на спротивната страна стрелаше Залевскји кој го постави конечниот епилог.

Во победничките редови по шест голови имаа Ганчев и Залевскји, а во редовите на Бутел Мајиќ реализираше осум погодоци, два помалку Печенковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот