Бундес лига: Кузмановски прв стрелец во поразот на Вецлар

фото: hsg-wetzlar.de

Во 25 коло од најсилното германско ракометно првенство составот на Вецлар загуби дома од Минден со 25:27.

Одлична партија за домаќините имаше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој беше прв стрелец за својот тим со шест голови.

На спротивната страна Ахуансу деветпати се запиша во листата на стрелците.

Вецлар кој се бори за опстанок и натаму е во безбедната зона со 11 бодови, сега два повеќе од Минден кој пак има два натпревари помалку.

Во следното коло Вецлар на 6 април ќе му гостува на Гепинген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот