Булгур: Совршен додаток за многу јадења

булгур
Фото: Pixabay

Многу е здрав, брзо се готви, изобилува со витамини и влакна – булгурот е одличен прилог во многу јадења, а воодушевува со благиот вкус на јаткасти плодови. Иако лесно се приготвува, грешките се чести. Но, со овој начин на готвење, успехот е загарантиран.

булгур

Со светлокафеава боја, булгурот е житарка која е добиена при посебна преработка на пченицата. Содржи малку масти, нискокалоричен е и добар за вегетаријанци и вегани. Поради високиот процент на влакна булгурот е одличен производ кој долго ќе ве држи сити.

Најчесто се подготвува како прилог, добар е како додаток во салати, а рижотото од булгур е многу популарен начин на подготовка. Може да се подготви и во слатка варијанта за појадок, но, со него можат и да се полнат тиквички и домати.

храна

Во еден сад ставете 130 грама средно мелен булгур, додајте му 360 милилитри вода, прстофат сол и малку масло. Оставете да се свари, а потоа поклопете го садот и оставете да се вари на тивко додека омекне, околу 12 минути. Тргнете го од оган и оставете го да стои поклопено 10 минути. Измешајте со виљушка, па
потоа употребете го веднаш или распоредете го на плех да се излади.

На овој начин не гответе ситно мелен булгур. Имено, тие зрна се толку ситни, што не треба да се варат. За нив доволно е да се покиснат во врела вода околу 10 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот