Букајо Сака ќе остане во Арсенал до 2031 година
Како што пренесува „Атлетик“, крилниот фудбалер Букајо (24) Сака ќе потпише нов договор со англискиот гигант Арсенал.
Препорачано
Според зборовите на Дејвид Орнштајн, новата соработка со англискиот репрезентативец ќе трае до 2031 година.
Според некои, неофицијални информации, Англичанецот моментално заработува околу 18.000.000 евра бруто.
Ја заврши сезоната 2022/23 со 15 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања, во следните беше уште подобар со 20 постигнати гола и 14 асистенции, додека минатата сезона, и покрај тоа што пропушти 24 натпревари поради повреда, имаше 12 гола и 13 асистенции. И оваа сезона, Букајо чекори со стабилно темпо и може да се пофали со седум гола и шест асистенции.
Спортскиот директор Андреа Берто одлично ја врши работата во лондонскиот клуб откако пристигна од Атлетико Мадрид ова лето. Во преодниот рок, ги пополни сите празнини и создаде тим со неверојатна длабочина, додека во последните месеци Вилијам Салиба, Габриел Магаљаеш, Итан Енванери и Мајлс Луис Скели потпишаа нови договори со клубот.
🚨🔴⚪️ BREAKING: Bukayo Saka has agreed to sign five year deal at Arsenal until June 2031, as @David_Ornstein reports.
The verbal agreement has been in place for months and now approved by #AFC legal side.
Official statement to follow. pic.twitter.com/Q6Daaf0FwH
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 9, 2026


