Букајо Сака/EPA-EFE/NEIL HALL

Букајо Сака е новиот најскап фудбалер на Арсенал

Еден од главните адути на тренерот на Арсенал, Микел Артета, во трката за титулата е секако е англискиот фудбалски репрезентативец Букајо Сака.

Поради неговите одлични настапи и важноста за тимот, раководството на клубот одлучи да го награди со нов договор кој ќе важи до 2031 година.

Сака потпиша нов петгодишен договор, а според Би-Би-Си дека тој ќе стане најплатениот играч во тимот.

Се очекува крилниот напаѓач да заработува околу 300.000 фунти неделно, а „Топџиите“ на тој начин го зачуваа јадрото на тимот на долг рок, откако Вилијам Салиба, Габриел, Итан Нванери и Мајлс Луис Скели потпишаа нови договори во текот на летото.

Оваа сезона досега во Премиер лигата има 22 настапи, и по четири голови и асистенции, а во Лигата на шампионите шест настапи, и по два голови и асистенции.

Тимот на Артета е моментно на врвот на Премиер лигата со четири бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити против кој ќе игра во финалето на Лига Купот во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот