Бугарскиот селектор Петров пред мечот против Македонија: Дојде време за резултати!

Бугарскиот селектор Јасен Петров/Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Покрај македонската, и најдобрата бугарска фудбалска репрезентација се подготвува за јунските настапи во УЕФА Лигата на нации.

На 2 јуни во Разград најдобрите бугарски фудбалери ќе ја пречекаат Македонија на стартот од Лигата „Ц“, а во групата „Ц4“ се и селекциите на Грузија и Гибралтар.

Пред четири дена Фудбалската федерација на Македонија објави дека преку официјалниот партнер на ФФМ може да се обезбедат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“.

Бугарскиот селектор Јасен Петров посакува да има што повеќе навивачи во Разград да ја бодрат поддршката за неговите играчи со цел да дојдат до добар резултат.

– Се надевам ќе има голем интерес од навивачите, се надевам дека ќе ја добиеме поддршката. Доколку не си поставиме големи цели, не гледам како би растеле како репрезентација. Целта досега беше подмладување на тимот, сега имаме добар спој на искуство и младост. Дојде време за резултати. Неодамна имавме видео анализа од натпреварот со Хрватска, се надевам дека ќе научивме поуките и дека нашата селекција ќе игра поинаку на 2 јуни против Македонија. Зборовите што ми паѓаат на памет се агресивни, смели и паметни – вели Петров за бугарските медиуми.

Крастев: Не треба да се плашиме од Македонија, сакаме да ја вратиме славата на Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот