Бугарски прволигаш нуди 100.000 евра за македонскиот репрезентативец Бабунски

бабунски
Доријан Бабунски блеска сезонава во дресот на Ботев Враца/Фото: Даниела Любомирова/facebook.com/BotevVratzaOfficial

Доријан Бабунски сезонава игра во одлична форма во дресот на Ботев Враца, промовирајќи се во најдобар напаѓач на клубот.

Македонскиот репрезентативец тоа го докажа уште еднаш во саботата кога го постигна победничкиотгол за својата екипа на домашен терен против Берое (1:0).

До крајот на сезоната има договор со Ботев Враца, а денеска бугарските медиуми пренесуваат дека за нашиот играч има понуда од ЦСКА 1948, клуб кој исто така настапува во тамошната најсилна лига.

Скаутите на ФК ЦСКА 1948, Галин Иванов и Евертон Џилио-Том, како и техничкиот шеф Методи Томанов веќе имаат список на можни засилувања.

Во тој список на желби е и Бабунски за чии услуги од ЦСКА 1948 се подготвени да ја платат откупната клаузула од 100.000 евра за нашиот репрезентативец да го ангажираат веќе во јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот