Бабунски со признанието за најдобар напаѓач на бугарскиот Ботев

бабунски
Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски со признанието за најдобар стрелец на Враца/Фото: Official site of Botev (Vratsa)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски сезонава ги брани боите на бугарскиот прволигаш Враца и во чиј дрес покажува одлични перформанси.

Моментно е најдобар стрелец сезонава со седум голови во шампионатот каде што воедно е на делба на третото место на листата најдобри стрелци.

Од друга страна резултатите на тимот не се најдобри, амбициите секако ќе бидат опстанок во лигата, се наоѓаат на 12 место со 13 бодови.

Бабунски кој ја игра втората сезона во Ботев Враца од претседателот на екипата, Христо Илиев, го доби признанието за најдобар напаѓач на клубот за 2021 година.

Нашиот 25-годишен фудбалер пред да се пресели во Бугарија, настапуваше за Фуенлабрада (Шпанија), словенечките Радомље и Олимпија и јапонската Мачида Зелвиа.

Бабунски има договор со Ботев Враца до 30 јуни 2022 година, и засега нема ништо конкретно за понуди од други клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот