Фото: МИА

Бугарската влада го повикува Скопје да ги исполни обврските за пругата

„Бугарската влада го повикува Скопје одговорно и со добра волја да пристапи кон сите обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Трансевропскиот Коридор 8 на нејзина територија“, пренесува „Сега.бг.њус“

Официјална Софија конечно реагираше на провокациите на Скопје по повод заедничкиот железнички проект – дел од Трансевропскиот коридор бр. 8, објави порталот „Сега.бг“. Оттаму велат дека „бугарската влада го повикува Скопје одговорно и со добра волја да пристапи кон сите обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Трансевропскиот Коридор 8 на нејзина територија“.

Тамошната власт потсетува: „Бугарија успешно лобираше за обезбедување европски фондови, вклучително и за Република Северна Македонија. Благодарение на бугарските напори, Коридорот 8 беше вклучен во опсегот на европскиот транспортен коридор „Западен Балкан – Источен Медитеран“ како приоритет за ЕУ. На крајот на 2023 година, делницата Крива Паланка – Деве Баир беше назначена од ЕУ како еден од шесте водечки проекти од стратегијата „Глобална порта“ и финансирана со над 500 милиони евра грантови и заеми. Модернизацијата и завршувањето на железничката компонента на Коридорот 8 на бугарска територија е дел од националната програма „Транспортно поврзување 2021 – 2027 година – пишува порталот.

Бугарскиот медиум потенцира дека Коридорот 8 не е само врска помеѓу двете земји, туку и клучна логистичка маршрута во должина на јужното крило на НАТО од Јадранот до Црното Море и „одбивањето да се изградат основните компоненти на Коридорот 8 ја ослабуваат колективната безбедност на Алијансата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот