Банкомат / илустрација / Фото: Архива

Бугарите ги „нападнале“ банкоматите, за два дена извадиле 18 милиони евра

Бугарските граѓани во првите 48 часа од официјалното усвојување на еврото како платежна валута во земјата, масовно подигале пари од банкоматите и за само два дена направиле речиси милион трансакции, објави националниот систем за картички и платежна инфраструктура „Борика“.

Во првите два дена од 2026 година, преку националната инфраструктура биле реализирани повеќе од 933.000 трансакции на ПОС терминали и банкомати, со вкупна вредност од околу 42 милиони евра.

Безготовинските плаќања претставуваат повеќе од 86% од вкупниот број на операции, додека, во однос на реализираната вредност, повлекувањето пари и вложувањето депозити преку банкомати сочинуваат над 52%.

Во споменатите 48 часа, системот обработил повеќе од 804.000 ПОС трансакции, односно директни плаќања со картичка на продажни места, во вредност поголема од 20 милиони евра, со просечен износ од околу 25 евра по плаќање.

Подигнувањата од банкомати достигнале 125 илјади трансакции, со вкупна вредност над 18 милиони евра, при што просечниот износ по подигнување е 144 евра.

Депозитите на банкоматите се блиску до 3.500 трансакции, со вредност од речиси 3,8 милиони евра и просечен износ од околу 1.100 евра по депозит. Интензитетот на активноста за овој период е приближно 19.446 трансакции на час, или 324 во минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот