Бугарија во септември ќе ни гостува во Скопје со нов селектор на клупата

Младен Крстајиќ е нов селектор на Бугарија/фото: EPA-EFE/MYKOLA TYS

Српскиот стратег Младен Крстајиќ денеска и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на  Бугарија.

Крстајиќ потпиша двегодишен договор со фудбалската федерација на Бугарија (БФС).

– Мислам дека ова е вистинскиот чекор. Младен е претставник на традиционално силна тренерска школа, тој е млад и амбициозен, а има и солидно тренерско искуство. Сигурен сум дека со својот авторитет ќе допринесе за подобра иднина на бугарската репрезентација – изјави претседателот на БФС, Борислав Михаилов.

 

Крстајиќ дебито на клупата ќе го им во септември на натпреварите од Лигата на нации против Гибралтар и Македонија.

– Тренерската работа е таква да имаме понуди и од клубови и од репрезентации. Бидејќи минатата сезона имав добри резултати во Те Авив, добив доста понуди, но по разговорот со Михаилов, одлучив заедно со моите помошници да ја прифатиме понудата. Бугарија е земја со доста спортски успеси – изјави Крстајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот