Бугарија ќе го укинува 14-дневниот карантин, освен за граѓаните на осум држави

Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Северна Македонија и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС.

– Предлогот е врз основа на податоците на Европскиот центар за контрола на болестите, изјави денеска доцент Ангел Кунчев.

Задолжителниот 14-дневен карантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со Ковид-19 во последните две недели. Карантинот ќе биде задолжителен за граѓаните на Белгија, Италија, Малта, Шпанија, Португалија, Шведска, Ирска и Велика Британија.

Во Бугарија евидентирани се 2.485 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 136 починаа, а 1.016 оздравеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот