ВИДЕО | Бугарија избра претставник за Евровизија – ексцентричната Дара
Младата Дара (27) ќе ја претставува Бугарија на 70-от Евровизиски натпревар во Виена, одлучиле жирито и гледачите на „Националната селекција“ со комбинација на поени, додека евровизиската песна ќе биде избрана на 28 февруари во финалната емисија.
Препорачано
Во финалната емисија за избор на претставник се нашле осум кандидати кои извеле нумери од сопствениот репертоар.
Петчленото жири, доделувајќи поени од 1 до 5, ја прогласило Дара за најдобра кандидатка за Виена, собирајќи 22 поени, додека публиката со своите гласови сакала да ѝ го подари евровизискиот билет исто така на Дара, добивајќи максимални осум поени.
Дарина Николаева Јотова е бугарска поп-пејачка, позната под уметничкото име Дара. Родена е на 9 септември 1998 година во Варна, а станала позната во 2015 година кога стигнала до финалето на бугарската верзија на натпреварот „Икс фактор“. Завршила на третото место, а нејзин ментор бил познатиот рапер Криско.
Дебитантскиот сингл „К’во не чу“, кој станал голем хит во Бугарија, го издалс во 2016 година, а потоа продолжила да објавува синглови и албуми.
Дара е активна и на социјалните мрежи, особено на Тикток, каде што има стотици илјади следбеници.
@darbiethings♬ Онче бонче – DARA
Таа денес е една од најпознатите млади поп ѕвезди во Бугарија, препознатлива по својот енергичен стил, модерни поп и ар-ен-би песни и силно сценско присуство. Нејзината кариера покажува како талентот од регионални музички натпревари може да изгради сериозна музичка кариера.
Бугарија се враќа на Евровизија во 2026 година по тригодишна пауза, а нов претставник избрала преку новиот формат на натпреварување, едноставно наречен „Национална селекција“. Процесот е осмислен во две фази – прво се избира изведувачот, а потоа песната.
Одлуката е донесена: Израел ќе учествува на Евровизија 2026 година


