БУБА МАРА – останува најслушано скопско радио

Радио Буба мара е најслушана регионална станица и во изминатата 2022 година,  покажува штотуку објавен годишен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Со тоа Бубамара го продолжува трендот на слушаност и го зацврстува статусот на најслушано регионално радио и во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања и извештаи на АВМУ од 2018 наваму.

Годишното истражување покажа дека во сите 4 квартали од 2022 година, Радио Бубамара бележи значителна предност пред второрангираната радио станица и по прашањето на дневната слушаност и како радио на постојан избор.

Рејтинг во 2022 година

Тоа би било неможно без поддршката и посветеноста на слушателите.

На глобално ниво, наспроти големите промени што последниве 10-ина година се случуваат на медиумскиот пазар, радиото останува најконсумиран медиум, утврди УНЕСКО.

Единствената сеприсутност на радиото е можност да допре до најшироката публика и да влијае во создавањето на заедничко искуство, исполнето со различности и отворено за сите нив. Радио-станиците и радио-слушателите секаде и натаму создаваат ретко силни врски, а Радио бубамара во изминативе години го создава најпопуларното градско радио, со кое во текот на денот се дружат преку 50.000 слушатели.

Буба Мара најслушано радио

Тоа ја обврзува Радио Буба мара и натаму да остане – добриот дух на главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот