Брзината на возовите меѓу Белград и Нови Сад превентивно е намалена

На 10 јануари годинава железничката инфраструктура на Србија од превентивни причини ја намали брзината на возовите од 200 на 160 километри на час на две делници од брзата пруга Белград – Нови Сад.

Станува збор, како што се наведува, за делници со две колосеци со вкупна должина од три километри, „Стара Пазова“ во Инѓа и „Бешка“ во Карловачки Виногради, каде што брзината на возовите е намалена за 40 километри на час. Затоа патувањето со брз воз меѓу Белград и Нови Сад трае само три до пет минути подолго.

Од Железничката инфраструктура на Србија потсетија дека пред изградбата на модерната, двошина брза пруга „Београд-Нови Сад“ за брзина до 200 километри на час, која беше пуштена во редовен сообраќај на 20 март 2022 година, просечната брзина на возовите на овој меѓународен железнички автопат била само 40 километри на час, а само делницата од главниот град до Стара Пазова била со две шини.

Брзата пруга Белград – Нови Сад, како што соопштија од Железничката инфраструктура на Србија, се уште е во гарантен рок, кој на овие делници е три години.

Се додава дека стручните служби на Железничката инфраструктура на Србија редовно и детално ја посетуваат целата траса на брзата пруга Белград – Нови Сад, со цел да се увидат сите детали и можни дефекти, вклучително и оние кои не влијаат на функционирање на железничкиот сообраќај на оваа делница, пренесува Бета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот