Бруно Марс / Фото: Инстаграм/Бруно Марс

Бруно Марс постави нов рекорд: Продаде 2,1 милион билети за еден ден

Поп-ѕвездата Бруно Марс постави нов рекорд во продажбата на билети за концерт, објави „Форбс“. Во четвртокот тој продаде дури 2,1 милион билети за својата турнеја „Романтик тур“, што е најголема дневна продажба на билети во Северна Америка, Европа и Велика Британија во историјата на „Лајв нејшн“.

Марс минатата недела на платформата Икс најави нов албум со кратката порака: „Мојот албум е готов“.

„Форбс“ проценува дека во 2025 година Марс заработил околу 31 милион долари пред оданочувањето, претежно благодарение на својата резиденција во хотелот „Парк МГМ во Лас Вегас. Ова го стави на 22. место на листата на најплатени музичари на „Форбс“, во друштво на изведувачи како Сабрина Карпентер и кантри суперѕвездата Морган Вален.

Бруно Марс немал комплетна турнеја од светската „24K меџик“ во 2016 година, а минатиот четврток ја најави турнејата „Романтик тур“. Новиот албум се очекува да излезе на 27 февруари.

Листата со земји каде што ќе настапи Бруно Марс / Фото: Инстаграм/Бруно Марс

Вртоглав долг од 50 милиони долари: Бруно Марс мора да настапува во Лас Вегас поради проблеми со коцкањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот