Бруклин и официјално доби нов газда – Слободен печат
КошаркаСпорт

Бруклин и официјално доби нов газда

НБА лигата ја одобри продажбата на Бруклин нетс.

Бруклин нетс од денеска и официјално има нов сопственик. На местото на Русинот Михаил Прохоров, нов сопственик е Џозеф Цаи, тајванско-канадски бизнисмен кој и досега тој беше сопственик на 49 проценти од акциите на НБА екипата. Цаи на Прохоров му исплати 2.35 милијарди долари за целосна сопственост над НБА тимот.

– Возбудени сме што Џозеф Цаи стана нов сопственик на Нетс. Освен тоа што е голем кошаркарски фан, Џозеф е еден од интернет пионерите во Кина, како и продажбата преку интернет. Неговата стручност ќе помогне да се популаризира НБА лигата во Кина, но и низ целиот свет – изјави комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

Бруклин во текот на летото успеа да ангажира две големи НБА ѕвезди, Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, и во наредните неколку години ќе бидат еден од главните фаворити за освојување на титулата во најсилната кошаркарска лига.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close