Бруклин Бекам го отследи Гордон Ремзи на Инстаграм откако јавно го навреди
Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, престана да го следи славниот готвач Гордон Ремзи на социјалната мрежа Инстаграм, по неговите јавни изјави во кои му порача да се „потсети од каде доаѓа“.
Препорачано
Ремзи, кој со години е близок пријател на семејството Бекам, во неодамнешно интервју изјави дека 26-годишниот Бруклин е под силно влијание на својата сопруга Никола Пелц, поради што, како што тврди, ги намалил контактите со родителите – Викторија Бекам и Дејвид Бекам.
Познатиот готвач нагласи дека верува оти е „само прашање на време“ кога Бруклин ќе сфати колку му значи семејството. Тој истакна дека ја почитува неговата желба да изгради сопствен пат, но додаде дека не смее да ги заборави своите корени.
„Еден ден мајките и татковците повеќе нема да бидат тука и тоа мора да го разбере“, изјави Ремзи, додавајќи дека и покрај сè нивниот однос останува добар и дека Бруклин има „големо срце“.
По овие изјави, Бруклин престанал да го следи готвачот на социјалните мрежи, но не го блокирал. Според блиски пријатели на семејството, тој и Никола биле незадоволни што нивните семејни несогласувања биле јавно коментирани и прикажани во негативно светло.
Ремзи, чиј син Џек бил еден од најблиските пријатели на Бруклин во детството, во интервјуто ги пофали и родителските квалитети на Бекамови, нагласувајќи дека лично видел колку се посветени на своите деца.
Тој воедно ги демантираше и тврдењата дека Викторија Бекам му го „одзела“ првиот танц на Бруклин со Никола Пелц на нивната свадба во април 2022 година, истакнувајќи дека на веселбата немало ништо непримерно и дека сите гости уживале во атмосферата.


