Туристи се сликаат/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Бројот на странски туристи до март годинава е зголемен за 6.9%

Во март годинава во земјава се евидентирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак,  26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските за 6.9 %. Вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 %. Кај домашните туристи има пад за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 0.2 %.

Туристи масовно доаѓаат во Европа поради војната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот