Бројките велат: Александар Митровиќ е најдобриот напаѓач за оваа сезона во целиот свет

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Специјализираниот фудбалски сајт „Трансфермаркт“ направи истражување според кое српскиот голгетер Александар Митровиќ е најдобар напаѓаќ во светот за изминатата година.

Анализата на „Трансфермаркт“ ги вклучуваше најдобрите десет првенства и првенството на Саудиска Арабија поради големиот број познати фудбалери кои се преселија во оваа земја. Се пресметуваа головите во сите натпреварувања на клупски план како и во репрезентацијата.

Така неочекувано на прво место се најде голгетерот на Ал Хилал кој сезонава одигра 30 натпревари и постигна 27 голови.

Веднаш зад српскиот напаѓач е Хари Кејн кој постигнал гол помалку, Роналдо со 25 се најде на третата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот