Бројки од 100.000 заразени дневно: Во овие три земји ковид пандемијата излезе од контрола

коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Во екот на новогодишните празници, многу земји ширум светот се соочуваат со зголемување на бројот на заразени поради појавата на новиот вид омикрон на коронавирус и забавената вакцинација со бустер дози. Најкритична е ситуацијата во Франција и Велика Британија, кои бележат повеќе од 100.000 нови инфекции.

Париз Франција ковид-19 коронавирус маски
Ковид-состојба во Франција / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Така, Франција се соочува со најголем број новозаразени од март 2020 година.
Со повеќе од сто илјади заразени дневно, земјата достигна невидена бројка, а владата денеска на посебна седница треба да разгледа нови мерки.

Портпаролот на француската влада Габриел Атал изјави дека очекувале „голем бран“ на новиот вид на коронавирус и најави воведување дополнителни мерки против епидемијата.

Властите повикаа на ограничено движење на граѓаните за Нова Година, додека огнометот и новогодишниот концерт на Елисејските полиња во Париз беа откажани

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во Лондон секој дваесетти е заболен од Ковид

Велика Британија , соочена со наглиот скок на вирусот Омикрон, во петокот забележа повеќе од 122.000 нови инфекции, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата.

Евидентирани се и 1.171 хоспитализирања и 137 смртни случаи, што укажува на забрзување на досегашните показатели , кои до неодамна беа незначителни

Засега Велс, Северна Ирска и Шкотска најавија зајакнување на ограничувањата по Божиќ. Во Англија, владата на Борис Џонсон чека и се потпира на студии кои покажуваат дека ризикот од хоспитализација е помал за омикронскиот сој на вирусот во споредба со досегашниот доминантен делта сој.

 

Властите стравуваат дека и покрај помалиот ризик од компликации предизвикани од омикрон , бројот на случаи би можел да биде толку висок што може да изврши непремостлив притисок врз болничкиот систем.

Британската агенција за здравствена безбедност, соопшти дека властите обрнуваат внимание на влијанието на епидемијата врз болниците, но и врз општеството во целина, односно врз работната сила.

 

Во Лондон, според проценките, еден од 20 луѓе се заразиле со коронавирус пред една недела. Голем број сектори се тешко погодени, што доведе до затворање на компании и откажување на превозниците.

Ковид Италија EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италија забрани организирање новогодишни прослави

Италија ги заостри антиепидемиските мерки за да го спречи порастот на заболени од ковид , вклучително и забрана за сите новогодишни прослави. Бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордни нивоа, министерот за здравство најави дека носењето маски повторно ќе биде задолжително на отворено.

Министерот за здравство Роберто Сперанза изјави дека носењето маски надвор ќе биде повторно задолжително и им посочи на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.

Концертите и јавните настанина отворено се забранети до 31 јануари, а клубовите ќе ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничниот период.

Владата ќе го намали времето на чекање за третата доза по добивањето на втората доза од пет месеци на четири.

Министрите, исто така, се согласија да ја намалат важноста на здравствените сертификати за ковид, кои беа потребни за пристап до многу локации и услуги, имајќи предвид дека ефективноста на вакцините слабее со текот на времето.

Така, од 1 февруари потврдите по вакцинација или минато боледување ќе важат шест месеци, наместо досегашните девет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот