Бродови и шетање по светот: Бојан од „Ај кју“ раскажа интимна приказна за татко му
Музичарот од групата „Ај кју“, Бојан Трајковски, кој неодамна објави дека ќе стане татко, емотивно му го честиташе јубилејниот роденден на својот татко, споделувајќи заедничка фотографија и порака полна со љубов, благодарност и почит.
Препорачано
„Среќен јубилеен 75-ти роденден, тато мој Влатко Трајковски. Ме внесе во музика, бродови и шетање по светот, скапи спортови, ама големо задоволство. Ти посакувам уште многу од горенаведеното“, напиша Бојан.
Објавата веднаш привлече внимание и бројни честитки од пријатели, колеги и фанови, а многумина забележаа дека токму љубовта кон музиката и авантуристичкиот дух, кои Бојан често ги покажува јавно, очигледно ги наследил од својот татко.
Познато е дека фронтменот на „Ај кју“ често споделува детали од приватниот живот, особено моменти поврзани со семејството, патувањата и музиката, а овој пат покажа колку силна и блиска е врската со неговиот татко.
Неодамна, Марија Ивановска и Бојан Трајковски од дуото „Ај кју“ објавија дека ќе станат родители. Музичкиот пар радосната вест ја сподели преку забавно видео на социјалните мрежи, во кое Марија најпрво покажува позитивен тест за бременост, а потоа и трудничко стомаче. Во видеото двајцата глумат изненадување од резултатот на тестот, по што Марија го открива трудничкото стомаче.
„‘Ај кју’ со нов член? Да не треба уште некој тест?“, напишаа тие во описот на објавата.
Следбениците веднаш ги преплавија со честитки и убави желби, а меѓу коментарите се издвои и пораката: „Ајдееееееее, кој чека ќе дочека и ние еве дочекавмееее! Честиткииииии!!! Јееееј!!!!“.


