„Бритиш петролеум“ ја крати дивидендата поради рекордните загуби во вториот квартал

Профитот кој што е забележан во првиот квартал годинава изнесува 791 милион долари, пренесува „Ројтерс“.

„БП“ денеска за прв пат по 10 години одлучи да ја скрати дивидендата откако извести за рекордни загуби во вториот квартал од 6,7 милијарди долари.

Како што пренесува „Ројтерс“ ваквите загуби се предизвикани од падот на побарувачката на енергенсите кој го предизвика пандемијата од корона вирусот.

Загубата на компанијата чие седиште се наоѓа во Лондон е во согласност со предвидувањата на аналитичарите кои очекуваа таа да изнесува 6,8 милијарди минус, што пак претставува драстичен пад во споредба со минатогодишните 2,8 милијарди долари профит.

Профитот кој што е забележан во првиот квартал годинава изнесува 791 милион долари, пренесува „Ројтерс“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот