Британскиот премиер оди во изолација, бил во контакт со заразен министер

„Британската национална здравствена служба (НХС) ги контактираше премиерот и министерот и тие се водат како лица кои биле во контакт со заразениот “, соопшти канцеларијата на Џонсон.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак биле во контакт со лице заразено со коронавирус и ќе работат исклучиво од нивните канцеларии, а останатото време ќе бидат во изолација и ќе се тестираат секој ден, соопштија британските медиуми.

Министерот за здравство Сајид Џавид вчера изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус.

 

„Британската национална здравствена служба (НХС) ги контактираше премиерот и министерот и тие се водат како лица кои биле во контакт со заразениот “, соопшти канцеларијата на Џонсон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот