Британскиот парламент предупреди на можноста за странско мешање пред изборите во јули

Фото Архива на СП

Комитетот за национална безбедност на британскиот Парламент денеска го предупреди премиерот Риши Сунак за опасноста од странско мешање преку кибер напади или кампањи за дезинформации пред парламентарните избори на 4 јули и повика на мерки за заштита.

Маргарет Бекет, претседателката на тој комитет, во објавеното писмо споменува обиди за мешање на Кина, Русија, Иран и Северна Кореја.

Таа потсети на заклучоците на безбедносните служби, кои оценија дека е „речиси сигурно“ дека Русија во 2019 година се обидела да влијае на парламентарните избори и дека Кина се обидува да влијае на изборите во светот.

-Сметаме дека Велика Британија мора да биде подготвена за можност од странско мешање за време на парламентарните избори на 4 јули –  напиша Бекет и ја повика Владата да ги собере политичките партии, безбедносните служби и одговорните за организацијата на изборите за да се усвојат мерки за заштита.

Некои експерти сметаат дека пред британските парламентарни избори и американските претседателски избори во ноември, ризикот е особено висок поради развојот на вештачката интелигенција и дезинформациите.

Бекет, министерка за надворешни работи во време на лабуристичката влада на Тони Блер, смета дека мешањето може да биде во форма на кибер напади, уцени, онлајн дезинформации, „длабоки фалсификати“ и обиди да се продлабочат поделбите околу контроверзните теми.

Таа препорача подобра обука на заедницата за да се идентификуваат дезинформациите и да се обезбеди безбедноста на службениците.

Во Велика Британија во последните недели имаше неколку случаи на шпионажа во кои биле вклучени Кина или Русија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот