Британците место на САД испратиле меjлови на рускиот сојузник Мали

Британско Министерство за одбрана / Фото: Avpics / Alamy / Alamy / Profimedia

Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако официјални лица несвесно испратиле мејлови на близок сојузник на Русија поради грешка при пишувањето.

Неколку мејлови наменети за Пентагон се испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува „Би-Би-Си“. Британските власти ги испратија пораките на адреса што завршува со доменот „.ml“ на Мали, а не со доменот „.mil“ на американската војска.

Истата грешка во САД беше откриена претходно овој месец, што предизвика милиони воени мејлови да отидат на адреса во Мали.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека покренало истрага откако мејлови по грешка биле испратени до неточен домен на е-пошта.

„Уверени сме дека е-поштата не содржела информации што би можеле да ја загрозат оперативната безбедност или техничките податоци. Сите чувствителни информации се споделуваат на системи дизајнирани да го минимизираат ризикот од погрешно насочување.

Министерството за одбрана постојано ги прегледува своите процеси и во моментов спроведува работна програма за подобрување на управувањето со информациите, спречување на губење на податоци и контрола на чувствителни информации“, соопшти Министерството.

Мали беше меѓу шесте африкански земји на кои рускиот претседател Владимир Путин им вети бесплатни испораки на жито по пропаѓањето на Црноморскиот договор со Украина.

Платениците на Вагнер беа распоредени во Мали за да се борат против џихадистите заедно со армијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот