Бремената свршеница на Борис Џонсон имала симптоми на Ковид-19

Бремената свршеница на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Симондс имала симптоми на коронавирусот и изминатите седум дена ги поминала во самоизолација, но сè уште не се тестирала.

– Последната недела ја поминав во кревет со главните симптоми на коронавирусот. Не беше потребно да се тестирам. После седум дена, се чувствувам посилно, закрепнувам, напиша Симондс на Твитер.

Британскиот премиер Борис Џонсон беше тестиран позитивен и е во самоизолација, одвоено од неговата свршеница. Иако се чувствува подобро, како што и самиот рече во видео порака, ќе остане во карантин затоа што сè уште има температура, што е еден од главните симптоми на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот