Бреидаблик стои на патот на Струга кон групите во Конференциската лига

фото: F.C. Struga

Денеска од 17.00 часот на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се игра првиот натпревар од плеј-офот во Конференциската лига помеѓу актуелниот македонски шампион Струга Трим Лум и Бреидаблик од Исланд.

Бреидаблик е последната пречка за Струга на патот кон испишување нова историја и влез во групите во третото по квалитет УЕФА клупско натпреварување, после Лигата на шампионите и Лига Европа.

Стружани на овој меч нема да бидат предводени од својот тренер Шпетим Дуро бидејќи по реванш мечот со Есперанж излезе од контрола по големиот товар и провокациите од клупата на тимот од Луксембург.

Во составот за денешниот натпревар нема да биде ни напаѓачот Марјан Радески кој доби црвен картон на реваншот против Есперанж.

Главен судија на овој дуел ќе биде Дамиан Силвестшак од Полска, а ќе му помогнат сонародниците Бартош Хајниг и Адам Карасевич.

Составот на Струга Трим Лум за натпреварот против Бреидаблик: Ведран Ќосевски, Кристијан Китановски, Раиф Мирселоски, Меџит Незири, Арди Идризи, Бесарт Кривањева, Сава Радиќ, Ванѓел Згуро, Ард Касами, Хадис Таири, Едис Малиќи, Јусуф Каба, Христијан Георгиевски, Абдулхади Јахја, Бесмир Бојку, Фљамур Таири, Хоган Укпа, Буњамин Шабани, Ментор Мазрекај, Беким Камбери, Сенад Јаровиќ, Бесарт Ибраими.

Реваншот ќе се игра на 31 август на теренот во Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот