Дуро денес дознал дека нема да може утре да ја води Струга: Казната е сосема заслужена
Струга Трим Лум утре во Охрид ќе го игра првиот натпревар од плеј-офот во Конференциската лига против исландскиот Бреидаблик.
Препорачано
Во овој натпревар македонскиот шампион ќе биде без услугите на напаѓачот Марјан Радески, но на клупата нема да биде и тренерот Шпетим Дуро. Интересно е што Дуро, дури денес дознал дека нема да може да ја води Струга.
„Секако, сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, но тоа е што е, и мора да ја прифатам. Мислам дека тоа е заслужена казна, бидејќи по натпреварот излегов од контрола по големиот товар и провокациите од клупата на тимот од Луксембург. Казната е целосно заслужена.
„Тоа што го направи Стурга досега е неверојатно достигнување, да се игра во плејоф. Изненадувачки е, но целосно заслужено. Тимот даде максимум на сите шест европски меча досега. Сега имаме уште два меча до групната фаза, ќе го дадеме најдоброто за да се подготвиме и да одиграме на највиско ниво за да се пласираме таму“, изјави Дуро.
Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини извори“ со почеток од 17:00 часот.


