Бредли: Шкупи покажа дека има квалитет, мора да бидеме внимателни

Фото: www.shamrockrovers.ie

Тренерот на Шамрок Роверс, Стивен Бредли, вели дека неговите фудбалерите мора да бидат внимателни во реваншот против Шкупи иако имаат предност од два гола.

Во првиот натпревар од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа, Шамрок во Даблин славеше со 3:1.

– Важно беше да дојдеме тука со предност, третиот погодок може да се покаже како круцијален. Сметам дека на моменти бевме добри во нападот. Потоа Шкупи влезе одлично во вториот дел, го презеде натпреварот и тоа траеше 20 минути. Важно ни беше да победиме на нашиот стадион. Погодок во последниот напад на натпревар во Европа е многу важен. Мора да бидеме внимателни, нашата цел е да го добиеме и реваншот. Треба да влеземе во натпреварот со вистински менталитет и да победиме. Очекувам да бидат опасни, да ризикуваат повеќе и да нападнат. Шкупи покажа дека има квалитет во второто полувреме во Ирска, сигурен сум дека тоа ќе го повторат – изјави Бредли на прес-конференцијата.

Натпреварот меѓу Шкупи и Шамрок ќе се игра утревечер од 21 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот