Бредли Купер на мета на критики: За улогата во филмот „Maestro“ користел голем протетски нос

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Актерот Бредли Купер, кој го напиша, режираше и глуми во „Maestro“, филм за легендарниот американски композитор Леонард Бернштајн, стана мета на критики, откако оваа недела беше објавен трејлерот, пишува „Гардијан“.

Критичарите сметаат дека одлуката да се носи лажен нос, за да се долови портретирањето на познатиот композитор со еврејско потекло, е стереотипна и ја нарекоа „Jewface“ (лице на Евреин), како што е познат досегашниот термин „Blackface“ (црно лице), каде што актерите кои не се црни, ги затемнуваат лицата за потребата на одредени улоги.

Бредли Купер и Кери Мулиган на снимањето на „Maestro“ / Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Многумина по оваа одлука на Бредли, се прашуваа дали актерите кои немаат еврејско потекло, како Купер, воопшто треба да глумат Евреи.

Но, семејството на Леонард Бернштајн ја поддржува одлуката на Бредли Купер, да носи голем протетски нос во новиот филм.

Трите деца на покојниот Бернштајн посочија дека „целосно се сложуваат“ со одлуката на Купер „да користи шминка за да ја зголеми сличноста“ со нивниот покоен татко.

„Вистина е дека Леонард Бернштајн имаше прекрасен, голем нос..Сигурни сме дека и на нашиот татко не би му пречело“, напишаа Џејми, Александар и Нина Бернштајн на социјалните мрежи.

Семејството Бернштајн го пофали Купер за неговата „посветеност“ и рече дека забелешките за проектот „изгледаат како неискрен обид да се понижи успешна личност, практика што сме ја виделе премногу често спроведена и врз нашиот татко“.

Леонард Бернштајн Фото: ČTK / Profimedia

Инаку Бернштајн, син на еврејско-украински имигранти, почина во 1990 година, но останува еден од најпознатите композитори и диригенти на сите времиња. Тој беше музички директор на Њујоршката филхармонија и го напиша мјузиклот на Бродвеј „West Side Story“.

Главниот фокус во филмот е ставен на неговиот брак со Фелисија Монтеалегре, која ја игра актерката Кери Малиган.

Бредли Купер откри дека бил зависник: Бев толку изгубен…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот