Бразилска боксерка заврши во затвор, го претепала до смрт својот сопруг

epa04246650 Viviane Obenauf (R) from Switzerland in action against Bojana Libiszewska from Poland during a boxing meeting in the category lightweight in Kaltacker, Switzerland, 09 June 2014. EPA/GIAN EHRENZELLER

Бразилската боксерка Вивиен Обенауф е обвинета за убиство на својот 61-годишен сопруг и се наоѓа во затвор.

Нејзиниот сопруг е пронајден мртов откако претрпел „тешки повреди нанесени со тап предмет“, пренесуваат медиумите.

Бразилската боксерска е уапсена на почетокот од неделата и е обвинета дека таа го претепала до смрт својот сопруг во домот во Швајцарија.
Вивиен Обенауф има 34 години која минатата година по поразот од Британката Тери Харпер ја заврши кариерата.

Обенауф е родена во Бразил, а интересно е дека прва љубов не и е боксот туку гимнастиката и има настап на Олимписките игри, додека во босерската кариера има скор од 14 победи и шест порази.
Таа на почетокот од годинава се омажи за 61-годишниот Томас по што отвори теретана, додека сопругот е сопственик на ресторан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viviane Obenauf (@vivianeobenauf)


Вивиен и во минатото имала проблеми со законот, во 2016 година заврши во полиција во Лондон откако претепала маж во ноќен клуб кој недолично се однесувал кон неа. Таа брзо била пуштена по што поранешното момче ја обвини дека е насилник и дека бил претепан од неа кога биле во алкохолизирана состојба.
Најголемиот успех во боксерската кариера и е победата со нокаут над дотогаш непоразената Наташа Џонс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот