Бразилецот Ендрик со голот на дебито за Реал Мадрид испиша историја, го сруши рекордот на Варан
Mладиот бразилски напаѓач Ендрик дебитираше за Реал Мадрид во вчерашниот натпревар против Ваљадолид и уште веднаш успеа да го запише своето име во историјата на гигантот од Мадрид.
Препорачано
Ендрик беше стрелец во триумфот на Реал и голот го постигна на 18 години и 35 дена,со што стана најмладиот странец кој постигнал гол за „кралевите“. Рекордот претходно го држеше дефанзивецот Рафаел Варан со 18 години и 152 дена.
По натпреварот Ендрик не го криеше задоволството и истакна дека поминал низ тешки моменти за да го дочека овој момент.
„Верувам дека сме сите среќни. Моето семејство знае колку работев и патев за да дојдам тука. Луѓето ме критикуваа мене, моето семејство, девојката… поминавме низ многу тешки ситуации, но вредеше затоа што чувството сега е феноменално. Пресреќен сум што го остварив сонот. Веќе играв на овој стадион со Бразил и постигнав гол, но поинаку е кога сте играч на Реал Мадрид“, изјави Ендрик.
Новинарите го прашаа Ендрик и за неговите први впечатоци од клубот.
„Пресреќен сум што сум со овие фудбалери кои до неодамна ги гледав на ТВ и во видео игри. Анчелоти е неверојатен тренер, а одлично е да имате соиграчи како Белингем, Винисиус, Родриго… пред мене има уште многу работа и секогаш кога сум на теренот ќе бидам спремен да го дадам максимумот“, истакна Бразилецот.
ENDRICK WHAT A GOAL! ? pic.twitter.com/t53XdvKLtB
— TC (@totalcristiano) August 25, 2024


