Браво девојки: Освоен Вилнус – Македонија е на чекор од пласман на Европското првенство 2024!

фото: Ракометна федерација на Македонија

Денеска женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

На гостински терен во Вилнус ракометарките предводени од селекторот Кристијан Грчевски забележаа важен триумф над Литванија со резултат 28:31 во квалификациската група „5“.

Најефикасни во победата на Македонија беа Ристовска со девет, Седлоска со осум и Саздовска со шест голови. Два погодоци запиша Ѓорѓиевска, а по еден Гакидова, Килдан Јанеска, Џатевска, Јанкуловска, Арсениевска и Дабевска.

Во нашата група по две одиграни кола по четири бодови имаат Шпанија и Македонија, а ниту еден Литванија и Азербејџан.

Следните два натпревари нашата селекција ќе ги има против Шпанија, најпрвин дома на 28/29 февруари, а потоа на гости на 2/3 март 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот