Братското дерби во Тетово за Вардар

Вардар како гостин го совлада Тетекс/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Фудбалерите на Вардар славеа со убедливи 0:3 во натпреварот против Тетекс во рамки на осмото коло од Втората лига- Запад.

„Братското дерби“ беше решено уште во првото полувреме вое кое вардарци ги постигнаа сите три гола преку Филип Петковски, Дејан Блажевски и Вилдан Керим. Лидерот во Втората лига-Запад, Силекс со голот на Танушев ја совлада Беса.

Во Втората лига-Исток, лидерот на табелата Каменица Саса загуби на гостувањето кај Братство 07 со 2:1.
Киксот на лидерот го искористија Победа и Слога Виница да дојдат на само еден бод од Каменица Саса. Победа со минимални 1:0 го совлада Детонит јуниор, додека Слога Виница го победи Кожуф со 2:1.
Резултати:
Втора лига – Запад
Силекс – Беса 1:0
Кадино – Велешта 0:1
Охрид – Воска спорт 1:2
Тетекс – Вардар 0:3
Гостивар – Кораби 4:2

Втора лига – Исток
Братство 07 – Каменица Саса 2:1
Слога Виница – Кожуф 2:1
Осогово – Кит Го 0:3
Локомотива – Беласица 0:2
Победа – Детонит јуниор 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот