Судење за пожарот во „Пулс“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Братот на Деко од затвор врши притисок врз сведоци, обвинуваат родителите

Братот на сопственикот на дискотеката „Пулс“ од затвор врши притисок врз сведоците, обвинуваат родителите на загинатите во кочанската трагедија во кој загинаа 63 млади луѓе, а над 200 се повредени. Оваа изјава пред денешното рочиште ја даде Јулија Златкова, мајката на Томас Златков кој загина во трагедијата.

-Имаме сознанија дека лицето Ј.Ј. кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му дава мобилен телефон на користење на лицето Тодор Јованов, брат на монструмот, кој преку Вибер-комуникација врши притисок врз сведоците на Обвинителството. Ги повикуваме надлежните служби да ја проверат оваа информација и детално да ги проверат и комуникациите остварени преку овој телефон. Се случи геноцид на млада генерација поради алчност, корупција и несовесно работење, а пак продолжува да се работи во таа насока. Ние родителите на овие млади убиени деца нема да дозволиме вистината да остане затскриена. Вистината мора да излезе на виделина, правда мора да има за нашите убиени деца – рече Златкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот