Канадскиот рок-пејач Брајан Адамс објави дека е во Италија и оди в болница, откако вторпат за помалку од еден месец се покажа дека е позитивен на тест за ковид-19.

На својот инстаграм-профил тој веќе објасни што се случува со него и неговото здравје.

„Тука сум, штотуку пристигнав во Милано и по вторпат за еден месец имам позитивен тест на ковид. Затоа одам во болница. Ви благодарам на сите за поддршката“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Adams (@bryanadams)

Тој, иако наводно вакциниран, бил позитивен на 31 октомври, но без симптоми.
Не е јасно дали позитивниот тест на 62 годишниот пејач е последица од повторното заразување со вирусот, или е случај на позитивен тест и по периодот кога бил веќе заразен.

Короната се надвисна над естрадата: Џон Бон Џови и Брајан Адамс позитивни на ковид-19