Короната се надвисна над естрадата: Џон Бон Џови и Брајан Адамс позитивни на ковид-19

Брајан Адамс мораше да го откаже својот настап во чест на приемот на Тина Тарнер во Куќата на славните на рокенролот поради позитивниот тест на ковид-19, а Џон Бон Џови беше принуден да го откаже концертот во Мајами Бич поради позитивен тест на коронавирусот.

Организаторите на церемонијата за воведување во Куќата на славните на рокенролот мораа да најдат замена за 61-годишниот Брајан Адамс, кој се покажа дека е позитивен ковид пред планираниот настап во чест на Тина Тарнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Adams (@bryanadams)


Адамс се повлече од церемонијата во последен момент откако доби позитивна дијагноза, потврди неговиот претставник за „Вариети“ и за „Билборд“.

Адамс требаше да учествува во изведбата на низа песни со Х. Е. Р., Кристина Агилера и Мики Гајтон во чест на приемот на Тина Тарнер (81). Тој и Х.Е.Р. планираа да го обработат „It’s Only Love“, дуетот на Брајан Адамс и Тина од 1985 година.

Сите учесници на церемонијата за прием во Куќата на славните на рокенролот мораа да покажат негативен тест за ковид-19, без оглед на нивниот статус на вакцинација. Адамс беше позитивен и беше принуден да се откаже, а беше заменет со Кит Урбан, кој пееше и свиреше гитара наместо тоа.

Портпаролот на Адамс потврди за „Вариети“ и „Билборд“ дека канадскиот музичар бил целосно вакциниран против ковид-19 и дека не покажува никакви симптоми.

И Џон Бон Џови, исто така, дознал непосредно пред да настапи на настан во Мајами Бич, Флорида, дека бил позитивен на тестот за ковид-19, а во изјавата на неговиот портпарол за „Ен-би-си њуз“ и „Вариети“ се вели дека 59-годишниот музичар е целосно вакциниран и дека се чувствува добро. Рокерот требаше да настапи на настанот наречен „Runaway With JBJ“ во хотелот „Loews South Beach“ кога добил позитивен резултат на брзиот тест за ковид, објави Ен-би-си.

Публиката веќе се собрала на местото на концертот кога било откриено дека Бон Џови е позитивен на тестот за коронавирусот, па на посетителите им било кажано дека пејачот се чувствува „одлично“ и дека оди „во кревет“, додека членовите на бендот, кои биле негативни, останале на закажаната свирка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jon Bon Jovi (@jonbonjovi)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот