Брачна двојка се селела 18 пати за три години поради фобија од лебарки

Фото: Профимедиа

Од Индија повторно пристигнуваат бизарни вести. Малкумина можат да поднесат лебарки да им лазат по дома, но колкумина би се преселиле повеќепати од дома поради лебарка? Токму тоа го правела една брачна двојка во Индија последните три години, надевајќи се дека конечно ќе најдат куќа без лебарки. Тие промениле 18 куќи за три години.

Двојката од Бопал, Индија, долго време се надевала дека ќе најде куќа без лебарки, пренесува „Одити централ“.

Сопругот, кој работи како софтверски инженер, станал свесен за фобијата на неговата сопруга – која се нарекува кацаридафобија – веднаш по нивната венчавка во 2017 година. Еден ден жената почнала да вреска и истрчала од кујната и ги исплашила сите во куќата. Таа тврдела дека видела лебарки и одбила да се врати во кујната, по што инсистирала да најдат нов дом.

Двојката се преселила првпат во 2018 година, но за кратко време жената повторно видела лебарки во новата куќа, па поради нејзината фобија повторно се преселиле. Сопругот ја убедил сопругата да побара помош во психијатриски установи, но безуспешно. Таа наводно одбила да ја земе препишаната терапија.

По 18-тото селење во период од три години во потрага по „идеален“ дом, на сопругот му здодеало.Нејзиниот екстремен страв почнал да влијае на врската на двојката, а нивниот брак сега е пред пропаст. Жената тврди дека нејзиниот сопруг не го разбира проблемот и се обидува да ја прогласи за ментално болна, додека, пак, огорчениот сопруг поднел барање за развод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот