Божиќ Павлетиќ: Не размислуваме на математиките, одиме на победа против АЕК

божиќ павлетиќ е. пелистер
Е. Пелистер ќе брка триумф во Битола против грчкиот АЕК/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Во вторник со почеток од 18.45 часот екипата на Е. Пелистер ќе го игра последниот натпревар од групната фаза во Лига Европа против грчкиот АЕК од Атина.

Битолскиот клуб во овој меч кој е важен за пласман во следната фаза ќе има голема поддршка од своите верни навивачи.

– Нашата група е изедначена, во другите групи екипите кои имаат по десет освоени бода веќе пројдоа понатаму, но тоа не е случај кај нас.

Ни следи дуел со АЕК, одиме на победа, се подготвивме максимално, знаеме дека противникот ќе дојде силно мотивиран затоа што имаат шанси да ја минат групата, но ние играме дома, пред нашите навивачи и се надеваме на нов триумф. Се работи за добра екипа со индивидуалци, имаат неколку искусни играчи и се доста борбени.

Победивме на гости во Атина полесно од очекуваното, но тие сега ја дигнаа формата и дојдоа до неколку одлични победи. Ги знаеме нивните специјалности, знаеме каде се добри. Се подготвуваме за нивната подлабока одбрана и се надевам дека сите работи ќе ни се поклопат и ќе славиме пласман во следната рунда со триумф. Не чувствуваме притисок, наше е да дадеме сè од себе и сметам дека ако одиграме по планот резултатот нема да изостане.

Не размислуваме на математиките, одиме само на победа. Имавме тежок февруари зад нас со повреди и коронавирус, но се извлековме од тоа, барем еден дел. Имаме уште некои играчи кои се повредени, но ние кои сме здрави мора да повлечеме и да атакуваме на победа – рече играчот на Е. Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ.

Салата распродадена, Битола спремна за спектаклот Е. Пелистер – АЕК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот