Бошњаците кои ја претепаа и избричија ќерката поради момчето Србин ги протеруваат од Франција

Фото: МИА

Франција ќе го протера семејството од БиХ кое ја злоставувало својата ќерка поради врската со момче по потекло од Србија, најави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Штом заврши судската процедура, ќе бидат одведени до граница зошто нема што да бараат на француско тло, напиша Дарманен на Твитер.

Членовите на бошњачкото семејство ја претепале ќерката и ѝ ја избричиле главата зошто се гледала со момче, христијан со српско потекло.

Родителите на девојката од 17 години, заедно со нејзиниот вујко и вујна во четвртокот се ставени под судски надзор и чекаат судење во Безансон за насилство над малолетно лице во присуство на други лица.

Тие во понеделникот беа приведени во полиција која за инцидентот ја известило момчето тинејџер откако девојката добила ќотек од семејството.

Босански бонтон: На ќерката ѝ скршиле ребро и ја избричиле поради врска со Србин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот