Босански бонтон: На ќерката ѝ скршиле ребро и ја избричиле поради врска со Србин

Франција полиција/Фото: Принтскрин

Кога ја слушнале полицијата, родителите се обиделе да ја скријат несреќната девојка, но брзо е пронајдена и итно сместена во болница.

Седумнаесет годишна девојка од исламска вероисповед по потекло од БиХ во Франција е претепана од нејзиното семејство откако дознале дека е во врска со момче, христијанин од Србија, пишуваат француските медиуми.

Иако се различна вера, тоа не ги спречило да имаат совршена врска.

Бидејќи нејзиното семејство не се согласувало со нивната врска, девојката побегнала од родителите и со момчето почнала заеднички живот, пренесува порталот Кликс, повикувајќи се на написите објавени на порталот “L”Est Républicain”.

Неколку дена подоцна одлучиле да ги посетат нејзините родители.

Меѓутоа, ситуацијата набрзо ескалирала. Родителите ја одвеле девојката во соба и почнале да ја тепаат, додека момчето веднаш повикало полиција. Според француските медиуми, родителите заедно со нејзиниот вујко и тетка ја тепале по лицето и телото, а потоа и главата и ја избричиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот