Градежници работници/ Слободен Печат/фото: Слободан Ѓуриќ

Босанските синдикалци предупредуваат: Масовното вработување на странски работници ќе ги влоши постоечките проблеми

Федерацијата на независни синдикати на Босна и Херцеговина е загрижена поради потпишувањето на протокол што го олеснува вработувањето на странски работници во време кога статистичките податоци покажуваат, како што наведоа, зголемување на бројот на невработени, информира Кликс.ба.

Овој потег, заедно со повиците на властите за враќање на дијаспората, велат тие, покренува сериозни прашања за конзистентноста на политиките и приоритетите на властите во однос на вработувањето и економскиот развој.

„Властите на оваа земја ја покануваат дијаспората да се врати и да помогне во обновата на БиХ, а во исто време потпишуваат договори што овозможуваат масовен увоз на странски работници. Веруваме дека ова е контрадикторен пристап што ги збунува граѓаните и работниците, особено кога се зема предвид дека домашната работна сила веќе има тешкотии во наоѓањето работа“, се наведува во соопштението на СССБиХ.

Наместо да се фокусираат на политика што би создала поволни услови за враќање на нашите луѓе од странство, властите избираат полесен начин – увоз на работна сила од други земји.

„Овој пристап не само што ги игнорира правата на домашните работници, туку ја доведува во прашање и искреноста на повиците до дијаспората да се вратат во својата татковина. Додека бројот на невработени во Босна и Херцеговина расте, властите не го препознаваат вистинскиот проблем, сè повеќе луѓе ја напуштаат земјата во потрага по подобри услови за живот. Оние што остануваат се соочуваат со ниски плати, несигурни работни места и лоши услови за работа. Наместо да се влезе во сериозен дијалог за подобрување на условите за вработување на домашните работници и враќање на нашите луѓе од дијаспората, одлуката за масовно вработување странски работници може само да ги влоши веќе постојните проблеми на пазарот на трудот“, истакнуваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот