Борусија Дортмунд ја одреди цената за Белингем

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд беше незадоволен од судењето на дербито со Баерн/ фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џад Белингем ја воодушеви фудбалска Европа на стартот од сезоната и со тоа го привлече вниманието на најголемите екипи на стариот континент.

Белингем кој со 18-години дебитираше за англиската сениорска репрезентација на Евро 2020, е на радарот на Ливерпул и Манчестер јунајтед кои веќе подготвуваат понуди за фудбалерот, а денеска и ја дознаа сумата која треба да понудат.

Весникот „Билд“ пишува дека Борусија Дортмунд одлучи да не ги разгледува понудите кои ќе бидат помали од 120 милиони евра, што би претставувало неверојатна заработка за „милионерите“.

Минатата година Белингем пристигна во Борусија за 25 милиони евра и потпиша договор со 2025 година, а доколку си замине идната година заработката на „милионерите“ би изнесувала речиси 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот