Борисов го претстави предлогот за нова бугарска Влада

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска потврди дека го предлага поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, за нов бугарски премиер.

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска потврди дека го предлага поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, за нов бугарски премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во живо на Фејсбук, од болницата каде што вчера беше опериран од спортска повреда, кажа дека кандидат за вицепремиер и министер за одбрана е Румен Христов, лидер на СДС, коалицискиот партнер на ГЕРБ во новиот состав на парламентот.

Борисов притоа соопшти дека на Красимир Каракачанов му понудил да ја задржи функцијата министер за одбрана, но тој го одбил предлогот, тврдејќи дека го прифаќа изборот на гласачите, кои не дозволија неговата партија ВМРО да влезе во 45-то бугарско Национално собрание.

Екатерина Захариева е предложена да ја задржи функцијата министер за надворешни работи, досегашниот министер за внатрешни работи, Христо Терзиски, е вториот човек од доверба кој треба да ја задржи функцијата, како и  Костадин Ангелов за министер за здравство, додека Кирил Ананиев останува бугарски министер за финансии.

Новите лица кои ќе треба да ја преземат енергијата и економијата се Делијан Добрев и Жечко Стојанов. Томислав Дончев е предложен да продолжи да биде одговорен за фондовите на ЕУ и во оваа бугарска Влада, доколлку биде изгласана во парламентот. Љубен Дилов – ќе го преземе Министерството за туризам, а познатиот млад музичар Калин Велов ќе треба да ја преземе функцијата министер за култура.

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска, во 13 часот по локално време, ќе му го додели  на ГЕРБ мандатот за формирање нова бугарска Влада.

Засега, ниту една од партиите во бугарскиот Парламент не изрази желба да ја поддржи владата на ГЕРБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот